Македонија во група со Бугарија, Грузија и Гибралтар

Share:

Listens: 0

SBS Macedonian - СБС Македонски

News & Politics


После одржаната ждрепка во Нион, фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра во групата 4 од дивизијата Ц во новата сезона од Лигата на нации, а за противници ги доби селекциите на Бугарија, Грузија и Гибралтар. Натпреварите од Лигата на нациите ќе се играат во термините во јуни следната година и во септември наредната година.  Само првопласираните селекции од секоја од групите ќе обезбедат место во плеј-офот кој ќе се игра во јуни 2023 година. Само најдобрата репрезентација од плеј-офот (полуфинале па финале) ќе обезбеди место на ЕП 2024.