Mission Berlin 22 – Време е за акција

Share:

Listens: 0

Mission Europe – Mission Berlin | Учење германски | Deutsche Welle

Education


Ана пристигнува во Берлин во 1989 година, каде што се слави падот на Берлинскиот ѕид. Таа мора да се пробие низ толпата луѓе и да ја пронајде футролата. Дали ќе успее? Кога Ана сака да отпатува кон 1989 година, се појавуваат моторџиите со црни шлемови. Жената во црвено им наредува да ја пронајдат Ана и да ја донесат жива! Сепак, Ана со временската машина успева навреме да се врати на денот на падот на Берлинскиот ѕид. Таа повторно се наоѓа сред толпата луѓе кај Бранденбуршката порта, но мора да дојде до улицата „Бернауер“. И’ остануваат само уште триесет минути. Дали Ана ќе успее доволно бргу да помине низ толпата луѓе, која е насобрана во градот што порано беше поделен?