Лекција 13 – Розенмонтаг

Share:

Listens: 0

Radio D | Учење германски | Deutsche Welle

Education


Во редакцијата на Радио Д постои поделено мислење за карневалот. Различни се мислењата и на двајцата уредници, кои добиваат задача од Компу, од Шварцвалд да известуваат за карневалот. За карневалот кој во некои делови на Германија се слави интензивно, постои поделено мислење во редакцијата. Паула не може да го сфати ентузијазмот на Филип, и смета дека неговата маска на вештерка е смешна. Филип многу го израдува тоа што за новата задача треба да се патува во Шварцвалд. Таму, во карневалската бркотница, луѓе маскирани во вештерки крадат автомобили. Паула и Филип треба во живо да известуваат од карневалот, но тоа не им успева. „Вештерките“ го извлекуваат Филип од неговиот автомобил. Помалку хаотична од карневалските денови е структурата на реченицата во германскиот јазик. Затоа ќе обрнеме особено внимание на позицијата на субјектот и предикатот во реченицата.