Лекција 16 – Икар

Share:

Listens: 0

Radio D | Учење германски | Deutsche Welle

Education


Трагичниот јунак Икар од грчката митологија ги фасцинира двајцата новинари. Но, знаат ли слушателите воопшто кој е Икар? Паула и Филип ги запознаваат со него и ја раскажуваат неговата приказна. Костимот на Икар, што го носи едно момче, им даде идеја на Паула и Филип. Тие во облик на радиодрама го обработуваат грчкиот мит. Во него се раскажува за момчето Икар, кое не ги слуша предупредувањата на неговиот татко Дедал. Тој не може да му одолее на искушението да лета блиску до сонцето, сé додека тоа не го стопи восокот на неговите крилја, поради што паѓа во водата. "Не летај многу високо, не летај многу ниско" му вели Дедал на синот Икар. Со императивот, за кого ќе зборуваме во оваа лекција, може да се изрази молба, барање, предупредување или наредба. Доколку Икар ги сфатеше предупредувањата на татко му како наредба, можеби немаше да падне во морето?