Лекција 20 – Анкета меѓу слушателите

Share:

Listens: 0

Radio D | Учење германски | Deutsche Welle

Education


Паула и Филип ги прашуваат слушателите за мислење. Тема во емисијата е: „Може ли лагата да биде грев?“ "Може ли лагата да биде грев?" Ова прашање Паула и Филип им го поставуваат на слушателите. Повод се круговите во житното поле, за кои известуваа двајцата уредници. Дали измамата на селаните е за осуда или наивните туристи се самите одговорни за тоа? Одговорите на слушателите се еднозначни. За разлика од слушателите, кои на прашањето на редакцијата можат да одговорат со да или не, Професорот поставува задача со три можни одговори. Во германскиот, покрај женскиот и машкиот род, постои и среден род. Тоа се појаснува со членовите "der", "die" и "das".